Триаголник обланда со путер од кикиритки
1. Подгответе го путерот од кикиритки. Блендирајте ги кикиритките додека да се сомелат, додадете ги медот и маслото и блендирајте додека смесата да стане кремаста.
2. На умерен оган растопете го чоколадото и оставете малку да се излади.
3. Во длабок сад ставете ги маргаринот и шеќерот во прав и миксирајте додека да се изедначат. Додадете го растопеното и изладено чоколадо и путерот од кикиритки и мешајте со лажица додека смесата не се изедначи.
4. Големиот лист обланда го сечиме на половина, бидејќи дозата е помала потребни се само три половинки листови обланда.
5. Врз првата обланда нанесуваме половина од смесата за фил. Врз филот ја ставаме втората обланда и на неа ја нанесуваме другата половина од филот. Врз филот ја ставаме и третата обланда.
6. Колачот го притискаме со тежок предмет, за да се залепат обландите со филот додека се ладат. Потоа го сечеме колачот на триаголници.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови