Лененото семе содржи многу корисни и хранливи материи (масни киселини, омега 3 и омега 6, протеини, минерали). Благодарение на сите свои својства, ни носи низа придобивки за организмот. За овие тортиљи потребни ви се само две состојки, се подготвуваат брзо и лесно.

Подготовка

1. Во чашката од Нутрибулетот го ставаме лененото семе, блендираме.
2. Во мала касерола ја ставаме водата, додаваме сол и го вклучуваме шпоретот на средна температура. Од како ќе зоврие водата, веднаш го додаваме меленото ленено семе, мешајќи со дрвена лажица.
3. Добиената смеса (структура како тесто) се става помеѓу два листа хартија за печење. Расукуваме округла форма, со дебелина малку подебела од таа за класични палачинки.
4. Со помош на хартијата се префрла тортиљата во тефлонска загреана тава на умерена температура. Печеме по околу 2 минути од двете страни, внимаваме да не ја препечеме тортиљата.
5. Филуваме по желба и вкус, јас премачкав со павлака, наредив парчиња домат, чајна и маслинки.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани