Подготовка:
Ги ставаме тортелините на тивок оган да се варат. Го кратиме времето на варење на две минути бидејки во рерна ке се доварат. Процедуваме. Додека се цедат, припремаме сос, во сад ставаме маслиново масло, мало парче лук, кратко пропржуваме па го додаваме исецкан сушениот колбас да ја пушти својата арома, па го додаваме доматниот сос, зачините и капари. Сосот го вариме околу 2-3 минути на тивок оган. Го тргаме на страна сосот и додаваме пармезан, промешуваме, ги додаваме исцедените тортелини и ставаме се во огноотпорен сад, одозгора ставаме парчиња моцарела и ги ставаме во загреана рерна околу 15-20 минути. Се сервира топло.