Испечати

Тортелини со моцарела и сушен колбас

Тортелини со моцарела и сушен колбас

Состојки

  • 250 гр тортелини со сирење
  • За сос
  • 1 лажичка маслиново масло
  • 1 парче лук
  • 150 гр пеперони или чајна
  • 150 гр павлака за готвење
  • 3/4 лименка пелати или доматен сос
  • 10 зрна капари
  • 1 лажичка магдонос
  • 1 лажица пармезан
  • 150 гр моцарела
  • Сол бибер, оригано

Подготовка

Подготовка:
Ги ставаме тортелините на тивок оган да се варат. Го кратиме времето на варење на две минути бидејки во рерна ке се доварат. Процедуваме. Додека се цедат, припремаме сос, во сад ставаме маслиново масло, мало парче лук, кратко пропржуваме па го додаваме исецкан сушениот колбас да ја пушти својата арома, па го додаваме доматниот сос, зачините и капари. Сосот го вариме околу 2-3 минути на тивок оган. Го тргаме на страна сосот и додаваме пармезан, промешуваме, ги додаваме исцедените тортелини и ставаме се во огноотпорен сад, одозгора ставаме парчиња моцарела и ги ставаме во загреана рерна околу 15-20 минути. Се сервира топло.