Во недостаток на време вака скромно изгледа мојата овогодинешна роденденска торта.

Чоколадото растопете го на пареа и оставете да се олади.
Во еден сад измешајте ги шеќерот, ванилата и прстофат сол.
Во друг сад измешајте ги брашното, густинот, какаото и пецивото.
Одвојте ги белките од жолчките.
Белките изматете ги во цврст снег. Со постојано матење постепено додавајте ја мешавината од шеќер, ванила и сол.
Една по една додајте ги и жолчките.
Додајте го и растопеното чоколадо и убаво проматете.
На крај постепено додавајте ја мешавината од брашно, густин,какао и пециво.
Измешајте убаво со жица за матење.
Смесата истурете ја во округол калап со обрач обложен со хартија.
Печете на 180 степени, 20-25 минути.
Испечената кора оставете ја да се олади, а потоа пресечете ја на половина.

Фил

Прашокот за пудинг измешајте го со 3 лажици шеќер и со неколку лажици од млекото.
Останатото млеко ставете го да се загрее до зовривање.
Додајте го растворениот пудинг и мешајте додека се згусти.
Оставете го убаво да се излади, а потоа додајте го маскарпонето,шеќерот во прав и оризовите снегулки.
Убаво измешајте.

На сад за торта ставете една половина од кората.
Премачкајте ја со малку млеко и малку од растопениот еурокрем.
Нанесете од филот и поклопете со другата половина од кората.
И нејзе премачкајте ја со малку млеко и растопен еурокрем.
Целата торта премачкајте ја со тенок слој од филот.
Оставете ја малку во фрижидер за да се потстегне филот.

Во сад за матење ставете го прашокот за шлаг крем и млекото.
Матете додека убаво се згусти и со него украсете ја тортата.
Оставете ја уште малку во фрижидер и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани