Г о подготвуваме филот со тоа што млекото го ставме во тенџере на оган, но претходно 16 лажици млеко ги ставаме во сад и 12 лажици шеќер и ги додаваме пакетчињата пудинг. Сето тоа добро промешано го додаваме во зовриеното млеко и постојано мешаме уште 3-4 мин. Пудингот го тргаме од оган и оставаме убаво да се олади.
Во меѓувреме со миксер го матиме маргаринот и го додаваме шеќерот во прав и претходно стопеното чоколадо. Кога сето тоа убаво ќе се соедни смесата ја додаваме во изладениот пудинг и го додаваме сувиот ананас и промешуваме. Секој пандишпан поединечно го премачкуваме со филот и украсуваме со чоколадни трошки

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови