Вкусна, брза и лесна за правење торта, која се јаде во еден здив.
Јас оваа торта ја правам во правоаголно тепсиче.
Најпрво ги правиме двата пудинзи според упатството. Во меѓувреме започнуваме со редење на бисквитите, кои претходно ги натопуваме малку во ладно млеко. Откако ќе ставиме еден ред бисквити, ставаме од топлиот пудинг од ванила, па ставаме друг ред бисквити, па од пудингот од шумско овошје, и се така наизменично се додека не ги потрошиме сите состојки.
Јас најгоре ставив еден крем пудинг од јагода и ја покрив со фолија тортата за да не фаќа кора од горе.
Ја оставаме тортата да се олади, па потоа од горе ставив желирано шумско овошје кое може да се купи готово.
 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови