Торта со банани и блага урда
1. За пандишпан- Јајцата изматете ги со шекер, додајте мед и изматете повторно. Во тестото додајте брашно, какао и пециво, па промешајте со лажица. Ставете ја смесата да се пече во огрула тава на температура 200 степени околу 25 минути.
2. За фил- Желатинот натопете го со 50 мл ладно млеко. Во блендер ставете ја урдата, млекото, ванила и шекер, па се убаво изблендирајте. Откако ќе се растопи желатинот, и него ставете го во филот.
3. Од тестото пресечете го горниот дел. Од внатрешноста од тестото извадете го целиот мек дел. Пола од мекиот дел што го извадивте, надробете го во филот.
4. Тестото натопете го со млеко, одоздола ставете малку фил, наредете банани и прелијте со останатиот фил. Оставете две лажици фил за украсување.
Покријте ја тортата со горниот дел што го исековте на почеток, па премачкајте со фил и одозгора надробете од останатиот дел од мекото тесто.
Оставете ја тортата во фрижидер да се стегне.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани