Подготовка

Изматете ги јајцата со шеќерот, потоа додадете ги ванилиниот шеќер, просеаното брашно со пециво. Изматете ја смесата убаво со миксер, па додадете ги на крај мелените ореви и ситно сецканиот ананас и промешајте со лажица.

Смесата ставете ја во правоаголна тава за печење, во која претходно сте ставиле хартија за печење, или во нелеплива тава. Печите на 200 степени околу 15-20 мин.

Пандишпанот подеете го на два еднакви дела.

Фил

Во тенџере на оган ставете го млекото, шеќерот и путерот да зовријат. Во меѓувреме прашокот за пудинг растворете го со млеко и промешајте да нема грутчиња. Откако млекото ќе почне да врие, ставете го пудингот и енергично мешајте до згуснување.

Пудингот тргнете го од оган и оставете го малку да се излади, а потоа додадете ситно сецкан ананас, кокос и мелени ореви. Промешајте со лажица.

Едниот дел од пандишпанот потопете го со сокот од ананас, па ставете од филот. Потоа ставете го и другиот дел од пандишпанот, исто потопете го со сокот од ананас, па ставете одозгора од преостанатиот фил.

Чоколадото растопете го на пареа со 2 лаж вода и 2 лаж масло и одозгора декорирајте ја тортата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани