1. За пандишпанот, прво ги матиме јајцата со шеќерот и ванилата.
2. Додаваме масло и топла вода и пак проматуваме.
3. Потоа додаваме брашно, пециво и мелени ореви.
4. Матиме убаво со миксер, да ни се изедначи смесата.
5. Готовата смеса ја истураме во тава за печење бр. 36 претходно добро обложена со пек хартија.
6. Печеме во загреана рерна 15-20 минути на 180 степени, или додека кората да се оддели од краевите на тавата.
7. Печениот пандишпан го покриваме со крпа и оставаме да се излади, а потоа по хоризонатала го делиме на 2 дела.
8. 700 мл. млеко го ставаме во тенџере на оган да зоврие, заедно со 5 лажици шеќер.
9. Пудинзите, 300 мл. млеко и жолчките ги ставаме во блендер и миксираме.
10. Оваа смеса полека ја истураме во млекото кое врие и мешаме полека додека да свариме густ пудинг.
11. Во пудингот искршено го додаваме белото чоколадо и мешаме за да ни се изедначи смесата.
12. Пудингот го покриваме со растеглива фолија и го оставаме добро да се излади.
13. Подоцна го спојуваме со претходно изматени заедно маргаринот и шеќерот во прав.
14. Следува филувањето на тортата – корите ги попрскуваме со по малку млеко.
15. Првата кора ја премачкуваме со стопено чоколадо, па со фил, врз филот редиме банани исечени по хорисонтала, додека да ни се прекрие површината.
16. Одозгора ставаме уште еден слој фил.
17. Врз него оди втората кора.
18. Врз кората премачкуваме од филот, а врз филот ги редиме крем бананите.
19. Целата торта се премачкува со останатиот фил, а се декорира со глазура од истопени над пареа чоколадо и слатка павлака.
20. Готовата торта се остава во фрижидер да се стегне преку ноќ.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови