Торта со лимон
Подготовка на пандишпанот
Јајцата и шеќерот матете ги со миксер додека смесата не стане пенеста, потоа додадете го брашното и прашокот за пециво и размешајте ја смезата со спатола додека не стане хомогена. Сместата префрлете ја во тава за печење обложена со хартија за печење со дијаметар од 24 см.Печете во загреана рерна на 170 степени околу 20 минути.
Подготовка на кремот од лимон
Во тенџере на оган додадете ги сокот од исцедените лимони, водата, прехрамбената боја, шеќерот и пченкарниот скроб. Матете со жица за матење додека смесата згусти. Смесата отстранете ја од оган и оставете да се излади.
Подготовка на филот од слатка павлака и јогурт
Листовите желатин залијте ги во вода додека не омекнат, околу 10 минути.
Во сад за матење со миксер матете ги слатката павлака, јогуртот и аромата од лимон додека смесата не стане пенеста.
Во сад на оган додадете ги исцедените листови желатин со 3 лажици вода додека не се растопи желатинот.
Растопениот желатин додадете го во садот за матење со слатката павлака и матете повторно со миксерот додека смесата не стане хомогена
Тортата филувајте ја директно во калапот во кој го имате печено пандишпанот, така што пандишпанот ќе ви остане на дното од калапот, потоа филувајте со пола од филот со слатка павлака и јогурт, па ставете ја тортата 20 минути во заледувач. Врз филот од слатка павлака и јогурт додајте го кремот од лимон, а накрај додајте го остантиот фил од слатка павлака и јогурт. Декорирајте по желба. Оставете ја тортата од 2 до 4 часа во фрижидер пред да ја послужите.
Лиценца: Сите права се задржани