Торта Овошна Македонија
1. Кора. Јајцата и шеќерот се матат со миксер 10-на минути. Потоа се додаваат сите состојки за кората и убаво се промешуваат. Тестото се става во четвртаст плех, претходно намачкан со масло и потоа посипан со брашно, па се пече во загреана рерна на 200 степени 10-15 минути.
2. Фил. Млеко, шеќер и ванилин - шеќер се зовриваат, па на тивок оган се додаваат јајцата и непрекинато се меша. Во филот се додава брашното една по една лажица и постојано се меша со жица. И на крај се става ситно рендана кора од лимон. Кремот треба да се излади.
3.Кората се сече на два дела и се реди на таков начин - кора + фил + кора + фил.
4. Лимоните и цитронот се лупат и тенко се сецкаат, потоа се украсува тортата со нив во форма на знамето на Македонија! ))
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови