Торта - Киндер Пингвин
1. За пандишпанот изматете ги јајцата со 7те лажици шеќер. Потоа
додадете го брашното, пецивото, водата и какаото и промешајте со
лажица. Смесата истурете ја во плех од шпорет обложен со хартија за
печење и печете на 200 степени околу 20 минути.
2. Желатинот со 4 лажици ладна вода оставете го 10 минути да отстои.
За тоа време изматете ја слатката павлака. Откако ќе отстои 10тина
минути желатинот стопете го на оган. Потоа малку по малку ставајте во
изматената павлака и кратко изматете со миксер.
3. Сите состојки за премазот растопете ги на оган.
4. Изладениот пандишпан пресечете го на пола. На едната половина
ставете 5 лажици сок од компот од кајсија и половина од филот и
измазнете го. Потоа ставете го премазот и ставете ја тортата во
фрижидер за премазот малку да се стегне. Врз премазот ставете го
преостанатиот дел од филот и втората кора. На втората кора исто така
ставете ги 5те лажици сок од кајсија.
5. Сите состојки за глазура стопете ги на оган. Целата торта полејте
ја со глазурата. Изматете една шлаг крема и декорирајте ја со шприц за
украсување торта. Во сечко ставете 100 гр ореви и изечкајте ги на
ситно. Декорирајте и со нив.
Многу убава и лесна торта. Има многу убав вкус. Ние ја подготвивме за
роденденот на маж ми и многу ни се допадна
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови