Брзо, лесно и полн погодок на вкус!

Кога ќе прочитам дека теба да матам јајца на пареа го прескокнувам рецептот. Ме мрзи. Овој пат во чест на моите другарки од МоиРецепти, се *прекршив* :D
Лесно било :)  
Изматете ги јајцата со шеќерот додека шеќерот не се растопи. Можете да го измелете малку шеќерот за полесно да се растопи. Ставете го садот со јајцата врз сад во кој тивко врие вода и матете додека не се загреат убаво изматените јајца.
Бисквитите измелете ги, кикириките или оревите крупно исецкајте ги. Јас ставив крупно сецкани пржени и солени кикирики. Не пречеше солта воопшто.
Чоколадото растопете го на тивко. Јас го топев во ѓезве на 1 од 6 јачина на ринглата. Штом се растопи, веднаш тргне го. Може да загори.
Маргаринот изматете го и додадете го во садот со јајцата. Изматете. Додадете ги останатите состојки и замесете убаво да се изедначи.
Смесата е мека, убава за работа, па можете да правите бомбици, да ставите во калап или во мали силиконски калапчиња.
Доколку правите во тавче или тепсија постелете со хартија за печење, за да можете полесно да ги извадите од садот. Оставете да се олади и подготвено е за јадење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани