1. Во вангла се става просеаното брашно ,се додава солта,квасецот и се замесува со млака вода.Се меси долго време тестото за да се добијат убави кори.
2. Се остава тестото малку да одмори околу 25мин. покриено со кујска крпа.
3. Се премесува тестото и се дели на 5 топчиња и се премачкуваат со масло.
4. Се сука еното топче со сукало а потоа се става на чист чаршав и се тегне со рацете. Кога убаво ќе се истегне кората се прска со масло и се става сирење.Со помош на чаршавот се виткаат ролни.
5. Така се прават и со останатите кори.
6. Се попрскува со масло и се печи во рерна на 250 С 30мин.На крајот се попрскува со вода и масло и се врака уште 5мин на исклучена рерна.Кога е печена се покрива со платнена крпа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани