Тегнати банички со фил од тиква
Прво тиквата ја лупиме, сецкаме на парчиња и ја вариме во вода. Ја истураме водата и оставаме добро да се исцеди. Од состојките за тесто замесуваме мазно, нелепливо, но ни тврдо, ни меко тесто. Го делиме на 4 дела. Секое делче го расукуваме во коричка со големина на мало чинивче. Ги премачкуваме со масло и оставме да мируваат 30 минути. Потоа на чист чаршав секое кориче го тегнеме со рацете. Попрскуваме по малку масло и ставаме од тиквата замирисана со ванила, цимет...Сега со помош на чаршафот ја виткаме коричката, и формираме полжавче. Ги редиме во плех сите 4 истегнати корички. Ги печеме во веќе загреана релна на околу 200 с, околу 30 минути. Готови ги посипуваме со шеќер во прав и послужуваме.