Тегнати банички
1. Во сад се става брашното, солта, шеќерот, 200мл. зејтин и водата да се замеси и се замесува по на тврдо. Откако ке се обработи убаво тестото се дели на 9 топчиња. Секое топче го расукувам со сукало како мала кора и се редат на намрсена тава или површина и се премачкува од горе со останатиот зејтин. Се оставаат да отстојат 20-30минути.
2. На страна го растопувам маргарино, во друг сад ги кршиме јајцата и ја додадаваме урдата со малку сол доколку не е солена.
3. На маса ставаме чаршав и почнуваме да ја тегнеме кората. Попрскуваме со растопениот маргарин и од ставаме од филот, па со чаршавот ја виткаме и ги ставам во тава за печење. Така спремни ги ставаме за печење во загреана рерна на 250° да се печат 20-30минути.
Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани