Твикс колачиња
Овие колачиња ги направив сосема случајно, односно идејата ми беше да го вклопам карамел сосот во десерт по мој вкус. Се одлучив за моја верзија на колачиња, кои ги нареков Твикс колачиња, бидејќи ме асоцираа на Твикс чоколатцата.
Подготовка -
1. Во длабок сад замесуваме тесто од наведените состојки, кое го завиткуваме во стреч фолија и го оставаме во фрижидер два часа.
2. Потоа расукуваме кора (јас скоро секогаш, помеѓу еден лист мрсна хартија за печење свиткан на пола) и со помош на мала чашка за ракија вадиме кругчиња, или на набрашнета работна маса.
3. Кругчињата ги редиме во плех врз хартија за печење.
4. Печеме на 170 степени до блага промена на бојата.
5. Ги оставаме колачињата да се оладат. Потоа продолжуваме со нивната подготовка.
6. Врз секое колаче ставаме по едно рамно мало лажиче од карамел сосот - еве линк за неговата подготовка - https://moirecepti.mk/post/домашен-карамел-сос
7. Потоа врз карамел сосот ставаме со лажиче од растопеното чоколадо или правиме шарки со чоколадото (по желба)
8. Оставаме да се стврдне чоколадото и за кратко време можете да ги вкусите колачињата.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани