Татлија(со ореви и пепелова вода)
1. Зејтинот се загрева, во него се ставаат сите останати состојки, се меси средно тесто не многу меко. Се наросува гриз на работна површина и убаво се меси за да се добие компактно тесто.
2. Се расплескува тестото во тркалезно и намастено тавче бр.36 и се сече како на сликата.
3. Подготвка на пепелова вода- во 500мл.вода се става 3 лажици пепел се зоврива и остава да се подизлади.Од целата процедена количина треба да ни остане 250 мл.Татлијата ја сечеме на парчиња пред да се пече, а потоа ја печеме на 100°Ц еден и пол час.
4. Во меѓувреме го подготвуваме шербетот. Печената татлија додека е топла се прелива со изладениот шербет и се остава да впие.
Декорираме со ореви и служиме во чинија за сервирање.
Лиценца: Сите права се задржани