Тарт со слаткарски крем и карамелизирани праски
Подготовка:
1.Подготовка на тестото- Во сад за месење ги додаваме состојќите за тестото и замесуваме мазно тесто. Работната површина ја наросуваме со брашно и тестото го расукуваме во дебелина од 3- 5 мм, го префрламе во претходно намастената и набрашнета тава за печење, го боцкаме со вилушка и го печeме во загреана рерна, на 180 степени, околу 20 минути. Испеченото тесто го оставаме да се олади.
2. Подготовка на слаткарскиот крем- Во тенџере, на оган, додадете ги млекото и аромата од ванила. Во сад за матење изматете ги, со жица за матење, јајцата, шеќерот и нишестето, а потоа додајте ги во тенџерето на оган кај веќе жешкото млеко. Варете ги неколку минути, додека смесата згусти, повремено мешајќи со жица за матење. Готовиот крем оставете го да се олади покриен со стреч фолија.
3. Карамелизирање на праските- Праските ги лупиме, ги сечeме на кришки и ги додаваме во тава на оган со кафеавиот шеќер и водата. Ги острануваме од оганот кога ќе испари водата и праските ќе заруменат.
4. Испеченото тесто го полниме со оладениот слаткарски крем и го декорираме со карамелизираните праски.
На здравје.
Лиценца: Сите права се задржани