Тарт со кајсии
Сезона е на кајсии, па еве еден предлог со нив да си направите еден вкусен десерт.
Најпрво подгответе го тестото за тарт.
Во сад ставет ги путерот, шеќерот, јајцето, жолчката и со миксер, со мешалките за тесто изматете ги да се изедначат и станат кремасти. Потоа додајте ги и останатите состојки кората и сокот од лимон, пецивото, брашното и продолжите со матењето да се добие изедначено тесто.
Префрлете го на набрашнета површина, премесете го и соберете го во топка. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да се лади најмалку 1 час, а и повеќе. Како што е топло времето му треба повеќе време да се стегне, за подобро да се работи.
За тоа време подгответе го филот-мармаладот од кајсии.
Кајсиите ситно исечкајте ги и со шеќерот ставете ги да се варат околу 10-на минути додека водата што ја пуштаат не испари. При тоа мешајте ги и истовремено и гмечете ги да се направи слична смеса на мармалад со мали парченца.
Оставете го да олади.
Извадете го тестото од фрижидер и околу 1/4 оставете за украсување на тартот, а од другиот дел развлечите кора сосема малку поголема од тавата за тарт бр 28.
Ставете ја во тавата, порамнете ја по ѕидовите. Дното избоцкајте го со вилушка.
Додајте го филот од кајсии и порамнете го, а одозгора со останатиот дел од тестото напрвите лентички или други украси со калапчиња.
Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 мин.
Печениот тарт оставете го да олади и потоа послужете го. По желба може да си го посипите со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани