1. На почеток го подготвуваме тестото. Во сад за месење ставете го брашното и солта додадете го путерот исечен на коцки, замесете така да коцките путер се замесат и се направат ситни трошки. Потоа го кршиме јајцето и шеќерот во прав и замесуваме средно тврдо тесто кое го оставаме половина час во фрижидер.
2. Праските и дињата ги сечеме на ситни коцки. Во касерола сипете го шеќерот праските и дињата со 300мл вода да повријат на тивко петнаесетина минути. Во преостанатите200мл вода разматете го путерот и полека сипете во компотот да добиете густ фил. Покрите го со целофан додека да го испечеме тестото.
3. Од тестото развлекуваме кора и ја ставаме во калапот за тарт на делимано и печеме половина час на 180 степени. Врз испеченото ладно тесто го сипуваме филот.
4. Слатката павлака ја матиме нанесуваме слој од неа и декорираме по желба со праска и диња.
Добар апетит!!!
Забелешка.
Оставете го тартот убаво да се излади пред да го сечете најмалку еден час во фрижидер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани