Тава со телешко и зеленчук
Ова е превкусен ручек кој го правам според вкусот на домашните, а посебно го обожава сопругот. Овој пат е со чисто телешко месо, но кога месото е со ковчиња, така е уште повкусно.
Подготовка
1. Месото се сечка на мали коцки, се става во тенџере, се додава масло и малку сол и вода, се пржи, додека да испари течноста која се создаде, и уште малку да порумени.
2. Се додава кромидот исечкан на ситно и морковите на кругови, а штом омекнат се додава и сечканата пиперка. Се пржи малку и сега се додава црниот пипер, сувиот зачин и на крај црвениот пипер.
3. Ова се меша сето и се додава доматното пире, нека се крчка на тивко.
4. Во земјена тава се сечкаат компирите на коцки и се распоредува бамјата. Врз ова внимателно се ставаат состојките од тенџерето, се става малку млака вода и се меша сето убаво.
5. Тавата се покрива со фолија, се става во рерна, се пушта на најсилно, а штом ќе се загрее, рерната се намалува на 200 степени, и така се остава да се крчка околу 1 час. Потоа се вади фолијата, се меша пак внимателно и се враќа во рерна да се потпече уште некое време.
* Забелешка - Подготовката во земјена тава бара повеќе време, но затоа јадењето е повкусно.
Ако се прави во метална тава, после подготовките, истата, веднаш се става во рерна.
* Бамјата не е задолжителна, но е пожелна во вакви тави.
(530)
Лиценца: Сите права се задржани