Подготовка:

1. Во длабок сад, над пареа, го топиме темното чоколадо заедно со кокосовото масло. Во силиконски калап ставаме по едно лажиче од стопеното чоколадо и ги премачкуваме сите страни. Калапот го ставаме во замрзнувач, додека да ја подготвиме филот за полнење.
2. Во длабок сад ги ставаме таанот, медот и сусамот. Промешуваме. Во секој чоколадиран калап ставаме по 1 лажиче од филот. Врз филот ставаме повторно од стопеното чоколадо. Калапот го ставаме во замрзнувач 15тина минути. Ги вадиме колачите од калапот и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани