Суши со балсамико прелив
Постојат повеќе начини на подготовка на суши. Во суштина сите се некако еднакви. Сега ќе го пишам нашиот начин,како ние го спремивме.
Бев љубопитна за Нори алгата,памалку повеќе истражував. Алгата има специфичен мирис и вкус.
Таа има многу минерали,повеќе од било која друга храна,а нема калории. Ако ја допрете убаво ќе приметите дека таа има мазен и рапав дел.
1. Рапавиот дел секогаш оди на горе,каде ќе стои филот. Ние користевме пластично апаратче за виткање, кое го премачкавме со масло, но може да се подготви и со слободна рака. Го сваривме оризот.
2. Во друг сад размативме оцет и шеќер и ги ставивме да зовријат. Кога се соедини смесата,ја истуривме во оризот и промешавме.
3. Нари алгата ја постиламе на најлонска фолија. Ова го пишувам ако ја работите рачно без апаратче за виткање. Мазната страна ставете ја надолу,а рапавата страна постелете ја со фил од ориз со дебелина од околу еден сантим. Оставете малку празен простор од алгата на краевите за да можете да ја залепите кога ќе ја завиткате. На краевите ставете и од зеленчукот или рибата која претходно ја исековте на тенки стапчиња. Има на сликите пример
4. Виткајте како ролат убаво стегнато и на краевите залепете ја алгата со малку вода. Така стегната убаво ставете ја во фрижидер, нека постои малку, поубаво се сече. Потоа пресечете ја на парчиња од околу 5 сантиметри.
Служете ја со соја сос, или ако сакате со балсамико оцет.
Ние како полнеж ставивме лосос, авокадо, кисели краставички и бамбарки пиперки во разни бои. Беа, убави и крцкави.Децата си додадоа балсамико.
Нека ви е на здравје.
Забелешка
Убаво е да се знае дека во сушито е дозволено да се ставаат зачини по вкус. Зачини кои убаво одат, кои се вклопуваат се кардамомот, шафранот, карито, црн пипер и канела.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови