Микс од сушено овошје

Микс од овошје и јатки

Сушено гоџи бери

Гоџи бобинкa (Goji berry) познатa и како Волчјa бобинкa е една од најмоќните билки во светот и e на супериорно прво место на американката скала - ORAC (Oxygen Radical Absorbance Capacity scale), која ги мери антиоксидантните својства на храната. Ова значи дека оваа билка има огромна способност за уништување на слободните радикали, кои го нарушуваат здравјето, предизвикуваат хронични заболувања и го забрзуваат процесот на стареење. Гоџи бобинката расте на Хималаите каде веќе со векови се користи не само како храна, туку и како природен лек.

Тие се најдобрата храна за ревитализација на телото и за забавување на процесот на стареење.

Гоџи бобинките содржат:

  • 18 амино киселини (од кои 8 се есенцијални),
  • 21 минерали, вклучувајќи го антиканцерогениот германиум,
  • Повеќе протеини отколку интегралната пченица (13%),
  • Повеќе витамин Ц од портокалот,
  • Комплекс на Б витамини неопходни за претварање на храната во енергија,
  • Витамин Е (ретко се наоѓа во овошјето, главно во семките и житариците),
  • Комплетен спектар на антиоксиданси - каротеноиди, вклучувајќи бета каротен (подобар извор од морков). Ова ги прави гоџи бобинките најбогат извор на бета-каротен од сите познати намирници.

Поради богатството од хранливи состојки, оваа волшебна бобинка има навистина чудотворно делување.

Натура Ви нуди можност да уживате во благодетите на ова овошје со практично 75гр пакување. Овошјете е 100% природно, сушено и незасладено.

Препорачаната дневна доза на гоџи бобинките е 10-30 грама дневно. Може да се конзумира овошјето посебно или во микс со друго сушено овошје, јатки и семиња, или пак да се додава во мусли, овесна каша и колачи.

Сушена и засладена брусница

Сушен и засладен ананас

Сушена и засладена папаја

Сушено и засладено манго

Натура е создадена од баланс на квалитетни, природни и внимателно избрани состојки, традиција и најсовремена технологија со цел да му понуди на современиот потрошувач избрани прехранбени производи во согласност со новите потреби за енергија и здрава исхрана. Брендот нуди здрави и вкусни начини за одржување на избалансирана исхрана и благосостојба на организмот. За секоја пауза во текот на денот, еден Натура оброк е совршено избалансиран со растителни протеини, влакна и калории, за да му понуди на организмот она што му треба, со неверојатен вкус на вистинско овошје. Во движење, секој ден, секогаш кога ни е потребен 100 % природен оброк. Производите се создадени со екстремна прецизност и страст од страна на семејната компанија, која го посветува целото внимание во создавање на едноставни, пријателски производи, различни од сите други индустриско стандардизирани. Целосното производство е во согласност со HACCP, HALAL и со ISO9001: 2008 QMS стандардите. Сите суровини и финални производи редовно се контролираат во овластени лаборатории за контрола на квалитет.