Супер брзи, вкусни, здрави, диетални крекери.
Се ставаат овесните снегулки во блендер и се блендираат. Се меси тесто од сите состојки,ако е меко се додава интегрално брашно. На масна хартија се сучи тенка кора и со нож се сечат фигури, кај мене ленти. Се редат во плех обложен со масна хартија. Се печат на 180 степени 12-14минути. Се оставаат убаво да се изладат. Затворени во тегла со капак можат да стојат неколку недели. Одлично одат со вегански мајонез

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови