Супа со јогурт и спанаќ
1. Кромидот ситно го сецкаме и го пржиме со маслиново масло и 40 гр путер. Откако кромидот ќе омекне го додаваме спанаќот. Посолуваме и наросуваме црн пипер. Ја додаваме коцката и ја промешуваме. Потоа ја додаваме 1 литар вода и по 15 минути варење го миксаме зеленчукот со блендер.
2. Во длабок сад со жица ги мешаме јогуртот, жолчката и брашното додека не се соединат. Додаваме една црпалка од чорбата и повторно ја промешуваме. Потоа непрекинато мешајки го додаваме размешаниот јогурт во чорбата.
3. Во друго тенџере на оган ги ставаме преостанатите 50 гр путер и црвениот пипер и посолуваме. Мешаме со жица и откако путерот ќе се растопи го тргаме на страна.
4. Во чинија врз супата во форма на пајакова мрежа го нанесуваме путерот со црвен пипер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови