Еве еден едноставен рецепт за подготовка на супа од зеленчук кој се надевам ќе им послужи особено на младите домаќинки.

Сите состојки ги ставаме во тенџере да се сварат. Потоа ги вадиме кромидот, брокулата и празот и ги мелеме во блендер. Морковот и компирот ги сечкаме на ситно. Ги враќаме сите состојки во течноста и продолжуваме со варење некоја минута, заедно со фидето и зачините.
Можете слободно да ја исклучите ринглата кога ќе почне да врие, затоа што од постигнатата температура ќе се свари и фидето, а нема да се развари и распадне.

За супи , па и за други варени јадења најчесто користам експрес лонец, затоа што во него готвењето ми е побрзо, а и ги задржува витамините и минералите бидејќи готвењето е на пареа, со тоа и кујната не ми се полни со влага.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани