
26
ное
2021
Спанаќ тава со праз и јајца
Подготовка:
1. Празот го миеме и сецкаме на мали парчиња. Спанаќот исто така.
2. Додаваме масло во тавата. На оган го запржуваме ситно сецканиот праз, а потоа го додаваме и спанаќот. Зачинуваме со сол и црн бибер, а потоа додаваме вода. Оставаме да покрчка на тивко.
3. По неполни 4 до 5 минути, го тргаме капакот и кршиме 5 јајца на разни делови од тавата, па покриваме повторно со капакот. Оставаме да се зготви, додека не се сварат јајцата и не испари водата.
Служете со кисело млеко.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови