Вкусна, сочна, летен зеленчук во неа... манџа за мерак

Подготовка

1. Прво измиеното парче месо го сечиме на траки, па на коцки. Ставаме сол, бибер, зачин, промешуваме и оставаме да отстои во фрижидер 1 час.
2. Во тава загреваме масло на умерен оган и го ставаме месото. Пржиме 10,15 минути во сопствениот сок, и промешуваме, пржиме додека месото не добие румена боја. Сега додаваме вода, околу 200 мл, значи на тој начин ја деглазираме тавата. Покриваме со капак и оставаме на тивко да си крчка околу 1 час. По потреба, ако месото не е готово додаваме уште 100мл вода.
3. Кога месото си останало на маснотијата го тргаме во сад на страна. Во истата маснотија го пржиме сецканиот кромид. Од како ќе застакли ги додаваме сецканите пиперки. Пржиме заедно 5, 6 минути со повремено промешување. Сега го додаваме месото, па излупените и исецкани домати.
Соединуваме убаво и крчкаме се заедно околу 20,30 минути, се додека не си остани ручекот на мрсното, но сепак треба да биде сочен. Додаваме свеж, сецкан магдонос. Соединуваме, сервираме..
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани