Испечати

Сочно свинско месо, со летен зеленчук

Сочно свинско месо, со летен зеленчук

Состојки

  • 600гр свинска удина
  • 1лажиче свинска маст, не е задолжително
  • 3,4лажици масло
  • 2 зелени пиперки
  • 1 лута пиперка, не е задолжително
  • 1 голем или 2 црвени домати
  • 1 поголема главица кромид
  • Свеж магдонос
  • Сол, бибер, зачин
  • Околу 200 мл вода

Подготовка

Вкусна, сочна, летен зеленчук во неа... манџа за мерак

Подготовка

1. Прво измиеното парче месо го сечиме на траки, па на коцки. Ставаме сол, бибер, зачин, промешуваме и оставаме да отстои во фрижидер 1 час.
2. Во тава загреваме масло на умерен оган и го ставаме месото. Пржиме 10,15 минути во сопствениот сок, и промешуваме, пржиме додека месото не добие румена боја. Сега додаваме вода, околу 200 мл, значи на тој начин ја деглазираме тавата. Покриваме со капак и оставаме на тивко да си крчка околу 1 час. По потреба, ако месото не е готово додаваме уште 100мл вода.
3. Кога месото си останало на маснотијата го тргаме во сад на страна. Во истата маснотија го пржиме сецканиот кромид. Од како ќе застакли ги додаваме сецканите пиперки. Пржиме заедно 5, 6 минути со повремено промешување. Сега го додаваме месото, па излупените и исецкани домати.
Соединуваме убаво и крчкаме се заедно околу 20,30 минути, се додека не си остани ручекот на мрсното, но сепак треба да биде сочен. Додаваме свеж, сецкан магдонос. Соединуваме, сервираме..
На здравје.