Ете, полека, полека, стасав и до уште една јубилејка, која искрено не очекував дека ќе ја доживеам. Уште од првиот ден кога „стапнав“ овде, уживам во предизвикот да се спреми, среди и напиши секој нов рецепт, во секој новитет што ќе излези од мојата кујна, а особено во ова сега големо и прекрасно друштво на Мои Рецепти. Сум кажала и пак ќе кажам, среќа е да си дел од овој сајт и сите случувања кои ги има во него.

Иако секој пат размислувам да е нешто друго што ќе го обележи овој момент, сепак и овој пат одлуката падна на торта, чиј начин на спремење веќе еднаш сум го претставила тука, за мене посебен, драг и резултира со прекрасен вкус, сочност и уживање кога се јади. А на Фереро верзиите сметам дека никој не останува рамнодушен, две во едно од моите мераци...

Јајцето и шеќерот се матат до згуснување. Се додава млекото, па со ред останатите состојки.
Смесата се печи во калап бр 20 обложен со пек хартија, т.е. можи во самото тенџере со иста димензија во кое ќе се реди на крај.

Се печат две вакви кори, се оставаат убаво да оладат, па се сечат на половина за да се добијат 4.

Во тенџерче на рингла се загрева млекото со шеќерот до вриење.
Се трга на страна и се додава нутелата и маргаринот/путерот, се враќа на исклучена рингла и се меша додека се стопат. На крај се мешаат и потпечените лешници кои можи да ги сомелите нормално или покрупно (секако ќе се познаваат низ слоевите на тортата, само со различни нијанси).

Во тенџерето со рамни страни и со дно 20 см се става пек хартија и се става првата кора која се прелива со четвртина од жешкиот течен фил. Така се до последната, четврта. Малку се натиснува да се израмни и се остава преку ноќ или неколку саати убаво да легни и да се спои.

Рабовите на тенџерето со нож внимателно ги поминуваме за да ја оддвоиме тортата од страните. Овде кој има трпение и способност пред редењето можи да си обложи стреч фолија па вадењето да биди многу поедноставено.

Рамна чинија за торти се става врз тенцерето и се превртува на неа. Ако има потреба малку се затресува за тортата да слегни на неа.

Уште еден час ја оставаме во фрижидер пред да ја прелееме со ганашот од загреана слатка павлака и чоколадо. По желба можи да ја премачкате одозгора и со изматен шлаг крем наместо чоколадна глазура.
Украсете по желба. Во мојот случај, вака, како на сликите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани