Перидов подготвувам јадења со состојки кои ги имам дома.
Па еве што би рекле старите од ништо направив нешто,.....и тоа превкусно.

Прво измиениот и исчистен грав го ставаме во касерола со малку зачини и лажиче масло да се вари.
Пред 30 минути, пред да биде готов гравот го ставив и морковот да се вари.
Сварениот грав доообро го цедиме од течноста и го ставаме во сад на страна.
Тука го додаваме сецканиот морков, сецканите млади кромидчиња, сецканите јајца, кисели краставички.
Убаво соединуваме, па додаваме кисела павлака, мајонез и по сопствен вкус сол, бибер, може и малку сенф.
Убаво соединуваме.
Сервираме во тајнир.
Јас ја надополнив салатава со пржено сирење и запечени лепчиња.
Уживање.....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани