Сочна салата од бел грав
Состојки
- 150гр бел грав
- вода, малку масло, зачини за варење
- 2 кисели краставички
- 2 варени јајца
- 1 морков
- 2 млади кромидчиња
- 2-3 ливчиња свежо нане, или копар, магдонос, власец...по ваш вкус
- 1 чаша кисела павлака-200гр
- 2 лажици мајонез
- сол и бибер по вкус, малку маслиново масло
- каламата за декорација, а може да се исецкааат и да се стават во салатата и тие
Подготовка
Перидов подготвувам јадења со состојки кои ги имам дома.
Па еве што би рекле старите од ништо направив нешто,.....и тоа превкусно.
Прво измиениот и исчистен грав го ставаме во касерола со малку зачини и лажиче масло да се вари.
Пред 30 минути, пред да биде готов гравот го ставив и морковот да се вари.
Сварениот грав доообро го цедиме од течноста и го ставаме во сад на страна.
Тука го додаваме сецканиот морков, сецканите млади кромидчиња, сецканите јајца, кисели краставички.
Убаво соединуваме, па додаваме кисела павлака, мајонез и по сопствен вкус сол, бибер, може и малку сенф.
Убаво соединуваме.
Сервираме во тајнир.
Јас ја надополнив салатава со пржено сирење и запечени лепчиња.
Уживање.....