19
мај
2015
Сон од јагоди
Се матат јајцата со шеќерот и се додава ванилата. Откако убаво ќе се изматат се додава маслото, млекото(водата), брашното, пецивото. Се става во намрсен плех и се печи на 200 степени околу 20 тина минути.
Јагодите се мијат, се сечат парчиња и се редат одозгора на испеченото тесто. Се вари пудинг со прашакот за пудинг, шеќерот и вода. Додека е топол се истура врз тестото и јагодите. Се остава неколку саати да се стегни. Најубаво е да се јаде наредниот ден. Истиот колач може да се направи и со друго овошје по ваш избор.Многу е сочен,свеж,сите го обожаваат.На сликата подолу е со банана,јагоди,киви и пудинг од банана.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови