Овој кекс, освен тоа што изгледа добро, е одличен и на вкус! Светлиот дел содржи изварка, а зелениот дел содржи блитва.

Подготовка

1. Се матат јајцата со миксер.
2. Додадете го јогуртот и маслото.
3. Додадете го брашното, прашокот за пециво, малку сода бикарбона и сол. Промешајте добро и поделете ја смесата на 2 дела.
4. Блитвата запржете ја да омекни и испасирајте ја.
5. Во едната половина од смесата, додадете ја изварката, а во другата испасираната блитва.
6. Во намастено тркалезно тавче, прво истурете дел од зелената мешавина во самата средина на тавчето. Потоа, истурете малку од другата мешавина, исто така, во центарот. Продолжете наизменично додека не ги потрошите двете смеси.
7. Ставете ја тавата во загреана рерна и печете околу 35-40 минути на 180 степени.

Комбинирајте го солениот кекс со јогурт или кисело млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови