10
јан
2013
Солено срце
Вкусен и брз рецепт, сигурно често подготвуван во различни варијанти.
Ги матиме јајцата, па го додаваме маслото и јогуртот, зачините, сол, бибер, оригано. Потоа го додаваме брашното измешано со прашакот за пециво. На крајот го додаваме сирењето претходно изгмечено и шунка исечкана на мали коцки. Кога ќе се добие изедначена смеса ја тураме во калап. Се пече околу 30- 35 мин на 200 степени. Сите рерни се различни, ова важи за мојата рерна :)
Најубаво е кога се служи со кисело млеко. Декорирав со претходно направени ружички од морков, грашак, рендан кашкавал и кисела павлака.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови