Соленки со чварки
1. Во длабок сад се меша брашното, солата, шеќерот и квасецот
2. Чварките се мелат во блендер со додавање на неколку лажици од подготвената смеса со брашно, за да не се залепат додека се блендираат, треба да бидат многу ситно измелени да се добие брашнеста смеса
3. Смесата од чварки се меша со смесата со брашно
4. Се додава млако млекото
5. Се замесува тесто (ако е тврдо може да се додаде уште малку млеко)
6. Тестото се остава да стои околу 15 минути
7. Се прави кора со сукало со дебелина од 1 см
8. Се сечат форми со модли ( цвеќиња) или правоаголници со нож како соленки
9. Се премачкуваат со разматено јајце
10. Се посоросуваат со сусам
11. Се редат на плег обложен со хартија за печење
12. Се печат во загреана рена додека не поруменат на 180 степени
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови