Соленки со сирење, ким и сусам
Еве еден лесен рецепт за соленки кои можете да ги грицкате така како што се подготвени или пак да ги грицкате во комбинација со некое освежително макало со кисела павлака.
Секако се одлични за една полна празнична трпеза, особено во периодов кога повеќето ќе си бидеме дома со семејството.
Грицкајте и уживајте!
Подготовка
1. Омекнатиот путер го соединуваме со јајцата и млекото.
2. Го додаваме постепено брашното во кое сме го измешале и ренданото сирење, па соединуваме со матење.
3. Формираме една топка од тесто која треба да ни е мека, колку е тоа можно или пак барем средно мека. Можете да го одложите во фрижидер, завиткано во фолија, ама и не мора. Значи може и веднаш да се прави, како што направив и јас.
4. Помеѓу две хартии за печење рассукајте половина од тестото во дебелина од 5 мм. Истото направете го и со другата половина.
5. Горната хартија тргнете ја, исечете го тестото со алатка за сечење пица или со нож, на парчиња во посакувана големина.
6. Префрлете ја хартијата со исеченото тесто на тавче во кое ќе ги печете соленките.
7. Премачкајте ги со разматено јајце, кое сме го посолиле и сме му додале млеко па посипете со сусам и ким.
8. Печете ги на 200 степени во загреана рерна околу 15-20 минути.
Забелешка
Јас во соленкиве ставив биено сирење, а вие по ваш избор, може да ставите кашкавал, тврдо сирење или пармезан, ама пожелно е посуво да е сирењето.
Ножот или алатката за сечење пица валкајте ја во брашно пред сечење, за да не ви се лепи на тестото.
Хартијата со тестото за да ја префрлите во тавче само излизгајте ја по работната површина, а тавчето нека ви биде на косо поставено.
Сусам и ким ориентационо пишав колку сум ставила, ама колку сакате си ставате врз соленките.
Лиценца: Сите права се задржани