Состојките се за една кора, вие печете две такви.
Многу лесно и брзо се прави, а е убаво и вкусно мезе.
Измешајте ги јајцата, ренданата тиквичка, брашното, пецивото и сечканиот магдонос, посолете, ставете ја смесата на плех прекриен со хартија и испечете ја во загреана рерна на 180 степени.
Испечете 2 вакви кори.
Кога ќе се изладат, пресечете ги на половина, премачкајте ги со павлака, нарендајте малку сирење и наредете ги корите една врз друга.
Оставете ја тортичката во фрижидер да се стегне па послужете ја.