5
авг
2017
Солени шарени коцки со кисела павлака
Во еден сад ги соединуваме сецканиот морков, сецканиот праз, магдонос,сирење. Во вангличка се ставаат јајцат и солта и кратко ги матиме со миксер. Потоа со исклучен миксер ги додаваме киселата павлака, маслото, млекото, промешуваме со вилушка. Ги додаваме состојките од садот, промешуваме, па ги додаваме пецивото, солта и куркумата. Убаво соединетата смеса ја истураме во мала ростер тава. Одозгора посипуваме бел и црн сусам. Печеме околу 40 минути на 200 степени. Оставаме да се излади , па сечеме на коцки и послужуваме со кисело млеко.