Лесни, вкусни солени топчиња, одлични за имендени, а посебно вкусни грицки за со пивце. Мастиката им дава интересна арома и шмек.
Подготовка
1. Маргаринот, стоен на собна температура и мастиката се матат со миксер додека да стане кремасто.
2. Се додава ситно изренданото биено сирење, жолчките, пецивото и брашното кое се додава постепено. Убаво се измесува со рака средно не многу меко тесто, до изедначување на состојките.
3. Се формираат топчиња, а потоа секое топче се брцка во белките, па во сусамот и се редат во намастена тава.
4. Се печат на 180 степени околу 30 минути.

Забелешка
За да бидат топчињата со приближна големина развлечете кора 1,5 см и со мало чаше вадете кругчиња од кои ќе формирате топчиња.
Подобро е топчињата да се помали бидејќи во печењето ќе нараснат.
Мене ми излегоа 60 топчиња. Наместо биено сирење може да се стави и тврд кашкавал.
Битно: ако ги ставите во замрзнувач, кога ќе ги одмрзнете за консумирање, топчињата се уште повкусни и поровки, пробајте ги!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани