1. Во вангличка го ставаме брашното, солта, шеќерот, јајцата, растопениот путер и активираниот квасец. Замесуваме. Тестото го префрламе на набрашнета работна маса и месиме 10тина минути. Доколку е потребно додаваме брашно, тестото треба да биде меко.
2. Тестото го обликуваме во топка, го премачкуваме со масло и го враќаме во вангличката, покриваме и оставаме да нарасне, да се дуплира.
3. Нараснатото тесто го делиме на 20 делови.
4. Кашкавалот го сечиме на коцки, колку што имаме делови тесто.
5. Секој дел тесто го премесуваме , со прсти го развлекуваме. Во средината ставаме парче кашкавал и обликуваме во топче. Крофните ги редиме во плех обложен со хартија, ги покриваме и оставаме да нарастат 1 час.
6. Во меѓувреме путерот го топиме, во него го додаваме лукот во прав и магдоносот. Промешуваме.
7. Крофните ги премачкуваме со половина од смесата. Пелиме во загреана рерна на 180 степени 15 минути. Крофните ги вадиме од рерна, повторно ги премачкуваме со остатокот од смесата. Печиме уште 10тина минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани