Солени мешавини од Фантазија
Комплетна иновација во делот на готови мешавини за подготовка на солени печени деликатеси. Целосен уникатен пристап во состав на состојките и мешавните. Палетата на солени мешавини содржи крекери со семиња, пица-мафини и солени мафини со семиња и овесни снегулки. Карактеристиките на солените мешавини се:
- брза и лесна подготовка на смесата;
- нема можност за грешки при подготвувањето;
- печење од 15 до 50 минути во зависност од изборот на десертот;
- можност за збогатување со додатоци по сопствен вкус.
Мешавина за солени мафини со семиња
Пакувањето содржи:
- 170 g мешавина за тесто
- 30 g семиња
- 12 хартиени калапи
Потребно е:
- 2 јајца
- 150 ml масло
- 100 g сирење
- 75 ml вода
Во сад се става мешавината за тесто, јајцата, водата и маслото. Се меша со миксер додека да се изедначи смесата и се добие тесто. Се остава една лажица од семињата, а остатокот се додаваат во тестото со сирењето исечено на ситни парчиња и се промешува. Се распоредуваат хартиените калапи во сад за мафини. Тестото со помош на две лажици се распоредува рамномерно во калапите. Остатокот од семињата се распоредуваат по површината на тестото. За 12 солени мафини. Се пече за време од 30-35 мин. во загреана електрична рерна на 180° C ( рерна со вентилатор на 160° C).
Fantasia е најновиот бренд на македонската кондиторска компанија Макпрогрес. Fantasia е линија на полуготови производи, кои овозможуваат брза и лесна подготовка на колачи, палачинки, тортици, мафини и крекери, но и широка палета на додатоци за декорирање на слатки, како и додатоци за печење. Оваа палета е уникатна по многу нешта. Првпат македонска компанија воведува производство на ваков тип производи, а солената линија се смета за уникатна и иновативна и на поширокиот пазар. Палетата на Fantasia нуди иновативни производи, нешто што за прв пат се нуди во светот, како на пример солени мафини и крекери кои се идеални и брзи за подготовка на појадок или ужина. Портфолиото на производи е изработено според потребите на модерните потрошувачи, кои имаат се помалку време за готвење, а сакаат да се хранат квалитетно. Брендот Fantasia, во кујната главно е насочен кон млади зафатени жени кои немаат многу време на располагање, но сакаат на своите најмили да им покажат колку многу им значат и да им подготват нешто вкусно и домашно. Производите од палетата на Fantasia може да се најдат во сите добро снабдени маркети. Fantasia in cucina – Фантазија во кујната!