Декоративно и вкусно...

Прво во зовриена вода го ставаме исчистениот спанаќ да се бланшира.
Го процедуваме, убаво го стискааме со рацете и го оставаме на страна.
Во вангличка ги ставаме белките, јајцето, солта, биберот и матиме со миксер да побелат.
Со исклучен миксер ги додаваме јогуртот, маслото, сецканото биено сирење, сецканиот морков, младо кромидче, руколата и сецканиот спанаќ.
Додавме брашно и пециво и убаво соединуваме.
Смесата ја истураме во ростер тава.
Посипуваме чурек.
Печиме околу 30 минути на 200 с.
Оставме убаво да се излади, па со помош на алатка сечиме медаљони.
Декорираме со кисела павлака и послужуваме.

Користена е чаша од 200 мл

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани