Испечати

Солени медаљони со грахам брашно и зеленчук

Солени медаљони со грахам брашно и зеленчук

Состојки

  • 2 белки
  • 1 јајце
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче свежо мелен бибер
  • 1 чаша јогурт
  • 1/2 чаша масло
  • 2 чаши грахам брашно (може да се користи било кое брашно)
  • 1 пециво
  • 50гр биено сирење
  • 1-2 младо кромидче
  • 1 грст млад спанаќ
  • 1 грст свежа рукола
  • 1 морков
  • чурек за посипување
  • кисела павлака за декорација
  • диви љубичици

Подготовка

Прво во зовриена вода го ставаме исчистениот спанаќ да се бланшира.
Го процедуваме, убаво го стискааме со рацете и го оставаме на страна.
Во вангличка ги ставаме белките, јајцето, солта, биберот и матиме со миксер да побелат.
Со исклучен миксер ги додаваме јогуртот, маслото, сецканото биено сирење, сецканиот морков, младо кромидче, руколата и сецканиот спанаќ.
Додавме брашно и пециво и убаво соединуваме.
Смесата ја истураме во ростер тава.
Посипуваме чурек.
Печиме околу 30 минути на 200 с.
Оставме убаво да се излади, па со помош на алатка сечиме медаљони.
Декорираме со кисела павлака и послужуваме.

Користена е чаша од 200 мл