Солени вафли со сирење и сусам
Кога дома ќе ти кажат: сакаме солени вафли - немаш друг избор освен да си измислиш сам. Ги правевме 4 пати и дури четвртиот успеав да ги сликам, предходните три пати ги снемуваше експресно :)
Јајцата изматете ги, додадете го јогуртот, сирењето изрендајте го на ситната страна од рендето, а потоа и останатите состојки. Матете да се изедначи смесата.
Со смесата полнете го апаратчето за вафли и печете ги 5 мин.
Доколку користите јогурт во смесата можете да користите сода бикарбона, а ако користите кисела вода или млеко, за нијанса подобро е да користите прашак за пециво, иако и со сода ќе бидат успешни и вкусни.
Сусамот подобро е да е потпечен, подобар вкус има. Можете да го потпечете на суво тавче на рингла со постојано мешање.
До сега ги правевме само со сирење, но мислам дека и со кашкавал ќе бидат феноменални особено кога ќе бидат топли.
Сирењето е рендано, но доколку сакате парченца, слободно издробете го.
Лиценца: Сите права се задржани