Испечати

Солени вафли со сирење и сусам

Солени вафли со сирење и сусам

Состојки

  • 2 јајца
  • 150-200гр сирење (кшкавал, пармезан)
  • 150 гр потпечен сусам
  • 250мл јогурт, кисела вода или млеко
  • 1 мало лажиче сода бикарбона (или 10 гр прашак за пециво)
  • 300гр брашно
  • 1 мало лажиче шеќер

Подготовка

Кога дома ќе ти кажат: сакаме солени вафли - немаш друг избор освен да си измислиш сам. Ги правевме 4 пати и дури четвртиот успеав да ги сликам, предходните три пати ги снемуваше експресно :)

Јајцата изматете ги, додадете го јогуртот, сирењето изрендајте го на ситната страна од рендето, а потоа и останатите состојки. Матете да се изедначи смесата.
Со смесата полнете го апаратчето за вафли и печете ги 5 мин.

Доколку користите јогурт во смесата можете да користите сода бикарбона, а ако користите кисела вода или млеко, за нијанса подобро е да користите прашак за пециво, иако и со сода ќе бидат успешни и вкусни.

Сусамот подобро е да е потпечен, подобар вкус има. Можете да го потпечете на суво тавче на рингла со постојано мешање.
До сега ги правевме само со сирење, но мислам дека и со кашкавал ќе бидат феноменални особено кога ќе бидат топли. 
Сирењето е рендано, но доколку сакате парченца, слободно издробете го.