
1
мар
2012
Солени бомбици
Пенесто се мати маргаринот, и во него се додава сирењето и заедно се матат со миксер. Потоа се додаваат сецканите варени моркови, сусамот, ама да биде ладен за да не го растопи маргаринот, и сецканата салама, таа може да биде по избор. Потоа од смесата се прават топчиња и се валкаат во сусам, буковец, мак..
Доклоку смесата не е многу стегната може да се стави во фрижидер малку да се стегне и потоа да се прават топчиња.
А може и да се сервира и во тањирче како салата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови